ЕКСКЛУЗИВНО: Како Русија го задуши Илинден, III дел

Македонија, Свет

Абдул Хамид II, oтоманскиот султан лично сведочи и потврдува, без Pycиja немаше да го задушиме Илинденско востание.

Pycиja прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува востание и дека тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи руски разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија!

Согласност на Русија „со енергични акции да се задуши македонската револуција“!

Рускиот дипломатски претставник во Белград, Машков, со тајна телеграма од 14 март 1903 година, известува дека се подготвува големо и масовно востание во Македонија, а тоа значи дека „револуционерното движење не се смирува туку расте“. Во телеграмата остро ги критикува водачите на македонското движење. Руската разузнавачка служба, следејќи го движењето на Борис Сарафов, известува дека на 9 април 1903 година „по разузнавачки канали е добиена информација дека од пределите на Австрија преку територијата на Србија во скоро време ќе бидат доставени значителни транспорти со динамит за Македонското револуционерно движење.

Транспортот на динамитот“, се вели во разузнавачкиот извештај, „е во надлежност на познатиот македонски револуционер Борис Сарафов, кој е еден од најзаслужните тајни агенти на австриската влада во македонското движење… Веќе извршените експлозии по линијата на турската железница укажува на активната вмешаност на австриската влада во развојот на македонските револуционерни работи, а целта е вмешување на големите сили во решавањето на македонското прашање…“ Според руски извори од средината на август 1903 година, германската влада дала пријателски совети султанот „да ја организира војската и со енергични акции да ја задуши македонската револуција“.

На 21 август 1903 година, турскиот амбасадор во Петербург со задоволство ја известува Високата порта во Цариград дека руската влада не само што не ја изменила својата балканска политика, туку препорачува Турција да примени најстроги мерки против востаниците. Во превод, Русија им кажала на Османлииите, вие слободно колете, бесете, силовајте, убивајте Македонци, Русија нема да се меша и ви дава подрршка тоа да го правите.

Во повратната телеграма до турската амбасада во Петербург, султанот Абдул Хамид II му заповедал на својот амбасадор да му се „заблагодари на рускиот министер за надворешни работи за поддршката за задушување на востанието во Македонија“. Кога есента 1903 година, Петербуршкото благотворително друштво испратило 10.000 рубли за македонските бегалци, а рускиот црвен крст собрал големи средства за Македонците, официјална Русија постојано се оградувала, тврдејќи дека станува збор за хумана помош од поединци, а не за некаква поддршка на Македонското револуционерно движење, притоа вложувајќи максимални напори таквата помош во никој случај да не падне во рацете на револуционерите.

 

Русија го информирала султанот дека се подготвува востание во Македонија!

Грофот Ламздорф, со тајна телеграма од 9 февруари 1903 година, го информира својот амбасадор во Турција, Зиновјев, дека располага со доверливи информации оти напролет, или најдоцна до почетокот на летото, ќе почне востание во Македонија, па во врска со тоа бара да се обрне внимание востанието да се спречи по секоја цена. Министерот бара амбасадорот веднаш да ѝ пренесе на отоманската влада да обрне сериозно внимание на информацијата, настојувајќи Портата да преземе соодветни мерки за пресекување на активностите на бунтовниците во Македонија, кои можат да предизвикаат опасни компликации на целиот Балкански Полуостров.

Со други зборови, Русија прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува востание и дека тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи руски разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија.

КРАЈ!