БОГОЈЕСКИ: „ОВА НЕ Е АВТОПАТ СКОПЈЕ – ВЕЛЕС! НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПЛАЌА ПАТАРИНА ЗА ПАТ КОЈ НЕ Е АВТОПАТ“
Претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, реагира на условите за сообраќај на патниот правец Скопје – Велес, при што ја отвора дилемата околу наплатата на патарина и ограничувањата на брзината на овој патен правец.
Богојески смета дека не е оправдано возачите да плаќаат патарина, доколку патот не ги исполнува условите и стандардите што се очекуваат од автопат.
„Ова не е автопат Скопје – Велес! Не! Не може да наплаќаш патарини на пат кој не е автопат… во исто време да има ограничување на брзина до 50 км/час и да има камери кои казнуваат на 70 км/час… и сето тоа замислете на ‘автопат’! Срамно!“, наведува Богојески.
Според него, потребно е јасно да се дефинира што добиваат граѓаните за услугата која ја плаќаат.
„Или ќе се изгради автопат Скопје – Велес или ќе се тргнат патарините и ќе се знае дека се вози по локален пат со 70 км/ч и тоа е тоа!“, порачува претседателот на Македонски концепт.
Богојески на крајот упатува остри критики за, како што вели, односот кон граѓаните и начинот на кој се третираат условите на патот.
„Доста беше манипулации со сите нас! Доста!“, стои во неговата реакција.
