КРИВИЧНА одговорност за Филипче по тврдењата на Пановски
После неколкуте меки шамари за министерот Филипче и неговата неспособност од страна на професорите на Медицински факултет во Скопје, проф. Пановски денес со завршен удар.
Тој објави дијаграм на развој на имунитетот после прележана корона, со кометар во кој политиките на Министерството за здравство ги сведува под нивото на обичен студент во втора година на медицина.
Професорот посочи дена нестручноста на Филипче и сличните на него е во толкави размери, што ги тераат граѓаните да се вакцинираат после 7 недела од прележана зараза, а токму во тој период имунитетот е најсилен.
Прашува, зошто да се вакцинираат во период кога нивната природна заштита е најизразена?
Дали после ова Филипче ќе сноси и кривична одговорност за доведување во опасност на животот и здравјето на граѓаните и загрозено јавно здравство во државава?
Граѓаните се се погласни и бараат одговорност од неспособниот министер, кој освен што е познат по лагоден живот, друго не го интересира. Најмалку го интересира здравјето на нацијата!