ДEНEC OДБEЛЕЖУВAМЕ

Календар МПЦ - ОА

Денес Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и верниците го празнуваат Св. великомаченик Евпал

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 август. Евпал живееше на островот Сицилија, во местото Катана, на преодот од третиот во четвртиот век и беше ѓакон на црквата во Катана.

Околу 304 година императорот Диоклецијан го испрати тука управникот Пентагур. По силата на римските едикти од кои неколку издаде самиот Диоклецијан на овој му беше должност да ги гони христијаните.

Но, во тоа време на островот имаше малку xpистиjaни, а и тие се криеа од властите по пустите места. Свети Евпал, пак, беше поткажан од некого дека е xpиcтиjaнин, па така заврши в затвор.

Пентагур го држеше во затворот седум дена, изгладнувајќи го, а потоа го изведе на мачење и на суд. А откако судијата ја увиде бесмисленоста на маките, бидејќи Евпал никако не се откажуваше од Xpиcта, нареди да го погубат. Неговите мошти се сочуваа до денес и се наоѓаат во едно село во близината на Нeaпoл.