СКАНДАЛ: Кој ги пушта затворениците

Македонија

Спектакуларно бегство од прилепскиот затвор вчера извршил 36 годишен затвореник од Гостивар, осуден на 20 години строг затвор поради извршени тешки кражби.

Кој ги ослободува тешките убијци и криминалци од затворите? Дали некој зема пари за тоа? Дали дојдовме до тоа ниво со оваа власт, да се наплаќа ослободување од затвор на силувачи, педофили, арамии, убијци и сл? Каде е дното?

Замислете, вчерашното бегство не е забележано ниту од безбедносните камери, ниту од затворската полиција. Според првичните информации кои денеска треба да бидат потврдени и од надлежните институции, во текот на вчерашниот ден околу пладне затвореникот имал посета од неговата мајка и неговата сопруга.

Во текот на посетата без никој да го забележи избегал од затворот, а во посебните простории за средби со најблиските останале само двете жени. Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема. Аламирана е затворската управа и полицијата. Започната е потрага по затвореникот која на полноќ е прекината, а денеска продолжува. Неговата сопруга и неговата мајка веднаш се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.

До тоа е дното во државава, што ќе обвинат мајка и сопруга дека ослободиле затвореник, а не шефот на затворот и полицијата кои примиле мито!

Според неофицијалните информации, вакво бегството не е можно без надворешна, а можеби и внатрешна подршка. Тоа ќе треба да го потврди истрагата. Битно ги малтретираат жените, ни криви ни должни.

Најавени се и дисциплински мерки против дежурните затворски полицајци кои биле задолжени безбедно да ја реализираат посетата и да го вратат затвореникот во затворениот дел од затворот.