
Зошто ГРУЕВСКИ го тепа Протуѓер
Повеќе пати во јавноста, преку груевиот портал Инфомакс, во јавност се пласира тезата за големото престројувањето на поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер од екипата на Груевски во екипата на Заев. Единствен доказ за тоа е фактот дека премиерот Заев е „полуден“ и секој ден се повеќе наликува на Груевски, а тоа дејство може да го има Протуѓер.
Но зошто во јавноста тоа упорно го изложува Груевски? Ако е јасно дека „светото тројство“ Груевски, Протуѓер и Мијалков совршено функционира. Што се крие зад оваа најнова акција на Груевски?
Се форсира тезата дека големиот трансфер од ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ се случува откако тој е уценет од судскиот случај против него и одлучил да стане соработник на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, а овој пак му наложил за да се докаже прво да стане соработник на обвинителството кое го контролира Заев. Но тоа е премногу наивно за „шефот на садизмот“ во груевизмот!
Пренесовме информации за кои имаме потврда од неколку извори дека Мартин Протоѓер уште пред најмалку една година започнал директна комуникација лично со Зоран Заев и се ставил на целосно негово располагање, нудејќи се за совети, но и нудејќи се самиот да одигра клучна улога слична на онаа на Нинџа во случајот наречен “27 април”, односно да стане лажен сведок против своите довчерашни партиски соработници.
На обвинителството вакви личности им требаат во предмети каде обвинителството нема докази, а потребен им е некој да каже нешто што тие ќе му го напишат или кажат со цел да имаат барем нешто врз основа на што исплашените или партиските судии ќе донесат пресуда против прогонетите од ВМРО-ДПМНЕ.
Процесот за 27ми заврши, а со неа не беше опфатен лично Никола Груевски. Има информации дека истата ќе се прошири, а Груевски се плаши дека овој пат нема да се спаси од обвинение за тероризам.
Груевски тврди дека Протуѓер по долга лична и во пријателски дух комуникација со Заев, го отворил прашањето за судскиот процес против него на што бил упатен за истото да се договори со обвинителството, што Протоѓер го сватил сериозно и како некаква шанса за него. Дури објавува и детали од пораките кои ги разменувал со лидерот на СДСМ за кои веќе знаат многу луѓе од СДСМ но дошле и до некои луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Пораки во кои Протоѓер најжестоко ги напаѓал сите за кои соговорникот би сакал да слушне нешто лошо, вклучувајќи го и сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски и Груевски за кои се произнесувал со најпогрдни зборови. Ги воздигнувал политиките на актуелната власт, делел совети, давал силна подршка за смената на името, се распрашувал за здравствената состојба на членови на семејството на Заев, разменувал семејни фотографии и слично.
За некои луѓе од партијата, ова не е големо изненадување бидејќи велат Протоѓер е човек кој го гледа само личниот интерес и спремен е да застане и делува против секого ако од тоа може да добие нешто. Покрај тоа, кажуваат и дека е прилично нестабилна личност особено кога е под личен притисок, до степен на параноја.
Обидот да се прикаже Протуѓер како отфрлен од Груевски, со цел подлабоко да му влезе на Заев, е до степен да се откриваат и личните пороци. Така се соопштува фактот што Протоѓер со години бил зависен од еден порок што веројатно било главната причина на создање други сериозни здравствени проблеми за кои се зборуваше во јавноста. Протоѓер во многу наврати го снемувало со недели и месеци и се шпекулира дека правел неуспешни обиди за лечење во странство. Велат дека таквата зависност умешно ја криел од најголемиот број познаници и секако од јавноста. Дури дека на ова поле вршат дополнителни истражувања пред да ги обелоденат деталите. Велат дека во последните 8-9 години тоа сериозно го променило. Дознавеме и дека Протоѓер воопшто не е така сиромашен како што со сите сили се обидувал да го перципира околината. Дознавме многу детали околу последиците од неговиот порок, но и околу неговата скриена имотна состојба но сето ова ќе го објавиме одкако информациите ќе ги провериме од неколку извори.
Мартин Протоѓер воопшто не ги демантираше наводите од претходната нарачана објава од Груевски. Што значи дека се меѓусебно усогласени. И тоа се спинува на начин што тој дури реагирал позитивно говорејќи на свои блиски дека таа објава само му ги зацврстува позициите и довербата кај Заев и СДСМ и дека му ги зголемува шансите судиите да го ослободат или да го осудат со незначителна казна, а обвинителството да не се противи на тоа, особено, кога ќе почнал да испорачува конкретни резултати во соработката. Пристап кој е апсолутно својствен за болниот карактер на мастер оф садизам на груевизмот. Ништо не не изненади!
Стратегијата е тој во целост да ги прекине контактите со сите позначајни партиски луѓе и особено луѓе кои имаат контакт со партискиот врв, да се дистанцира од нив, па дури и го смени телефонскиот број за да не мора да се оправдува или објаснува на долгогодишните пријатели и партиски соработници. Да ги засили контактите со „соработниците“ на Заев од ВМРО ДПМНЕ, со цел Заев дополнително да се фати во мрежата. Јавно да говори дека актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ нема да опстане на позицијата.
Договорено е при случајни средби со многу познаници низ скопските кафеани, подеднакво да го критикува и сегашното и поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во чии состав долги години беше и тој самиот и каде имаше веројатно најголемо влијание и висок авторитет, но да не открива дека е во директна и блиска комуникација со СДСМ.
Дали Груевски сеуште работи на планот за „компромитација“ на Заев со неговите вредности, користејќи ги своите врвни кадри како Мартин Протоѓер, спуштајќи ги на толку ниско ниво да стануваат покорни слуги на Заев? Што знае Протуѓер за Груевски, што сеуште е клучен во неговата екипа?