
ЛУДНИЦА: Ердоган го предаде НАТО, на страна на талибанците
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган повторно смена страна. Една година е со НАТО, друга со Русија, за на крај да заврши со талибанците.
Синоќа изјави дека Анкара ги поздравува умерените изјави на талибанските лидери и оти Анкара е подготвена за соработка со нив.
– Турција е подготвена за секаков вид на соработка за мир во Авганистан, за благосостојба на нашите роднини во земјата и за заштита на интересите на Турција, изјави Ердоган во заедничкото интервју за Канал 7, Улке ТВ, 24 ТВ, ТВНЕТ и ТВ 360
Тој додаде дека военото присуство на Турција во Авганистан ќе ја зајакне новата администрација во Кабул на меѓународна сцена.
Со ова Ердоган објави дека влегува во воена соработка со Талибанците.
– Без оглед на тоа кој е на власт, да се застане зад Авганистан во добри и лоши времиња е нешто што го бара братството, посочи Ердоган, алудирајќи на исламот како причина за братство со талибаните. Дали доликува на НАТО земја да склучува воени сојузи со терористи, поради верски причини?