СКАНДАЛ: Апасиев на страната на Заев

Изјави, Македонија, Политика

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, си го покажа вистинското лице. Тој ја отфрли понудата на Христијан Мицкоски, за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и подава рака на Левица за заедно да го срушат Заев од власт. Апасиев застана на страната на Заев.

Го пренесуваме фејсбук статусот на Апасиев:

-Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!?

Мицковски во реалноста:
– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;

– Курир, Република, Нетпрес и остали со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата;

– договара легализација на дивоградби со Заев во четири очи, во корист на урбаната мафија;

– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;

– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);

– прифаќа етницитет во лични карти, како да сме Руанда;

– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса);

– малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…

И, кога после се, идат анкетите пред Локални избори – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!?

„Види вака друже“, вели Апасиев во заево комуњарски стил.

Скроз си ја зрешил сликата за нас.

Политичкото рацио на Левица не е да донесе некој на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ, напиша Апасиев на фејсбук.