СКАНДАЛ: ЗАЕВ работи за Левица

Изјави, Македонија, Политика

Проектот на македонската олигархија наречен Левица, упорно се факторизира од сите слуги на таа олигархија. Премиерот Заев не пропушта прилика преку изјава или соопштение или конкретни активности да ја факторизира Левица како демек „конкуренција“ на СДСМ, а со тоа да обезбеди мирен сон на бандитите кои 30 години ја пљачкосуваат оваа наша Македонија.

Имено, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека поради Левица која имала 750 амандмани за Изборниот законик не се предложени измени на Изборниот законик. За усогласените решенија за медиумско претставување, според него, ДИК и Агенцијата за медиуми треба да донесат подзаконски акти. На овој начин Заев дирекно ја рекламира Левица како голем фактор во Собранието, со цел да ја помогне пред јавноста.

-Не знам која опозициска партија што ме обвинува, но го знам виновникот. Левица. Со 750 амандмани го блокираат законот. Јас сум информиран како што реков од претседателот на Собранието Талат Џафери. Не може да најде соодветно решение внатре во Парламентот, а имајќи во предвид дека најголемото барање на опозицијата фингерпритот внатре е вграден за измените на законот, вградени се најголемите препораки на ОБСЕ/ ОДИХР, изнајдено е решение, благодарен сум до министерот за правда ДИК и Агенцијата за медиуми за медиумското претставување. Формулацијата којашто беше предложена во новиот закон, верувам дека сите овие институции ќе ја адаптираат со правилници и упатства за да може тоа да биде како усогласена формулација за сите партиципиенти. Четирите поголеми партии, помалите партии за нивно учество, рече Заев.

Со тоа савесно Заев ја помага Левица како клучна партија од која зависат идните избори. Очигледно коалицијата Заев – Апасиев совршено функционира.

Според него, кога е блокиран законот во демократија и во Парламент и не постои решение во предвечерието на изборите тоа да се одблокира, претседателот на Собранието одлучил заедно во координација веројатно со пратеничките групи дека нема да се донесат последните измени кои беа поднесени во Парламент.

Тука Заев глуми наивец, како он не знае што се случува во Парламент, а секој ден менаџира односи помеѓу пратениците.

Премиерот исто така, незадоволен од поддршката која ја дава за Левица, дополнително кажа дека и законот за личните карти се блокирани од Левица, со цел да ги претстави како спасители пред народот од „албанските барања“, а Заев си има алиби зошто не ги исполнил ветувањата за Албанците.