
БОГОЈЕСКИ: Одложете почеток на учебна година
Во услови на енормно зголемување на бројот на заразени од корона, а сеуште невакциниран огромен дел од популацијата, во јавноста е отворена дискусија за потребата од итни мерки за спречување на нов бран. Во таа дискусија се вклучи и Петар Богојески со свое размислување на социјалните мрежи.
Богојески напиша:
КОРОНА КАРАНТИН ‘21
Се повеќе мои лични пријатели, кои и прележале и се вакцинирале, повторно се заразуваат од корона и тоа со сериозни симптоми!
Можеби треба да се одложи почеток на учебна година за 01. октомври 2021 година, а да се прогласи целосен карантин во текот на септември?!?
Не сум стручен за областа, но не гледам поинакви ефикасни мерки против нов силен заразен шпиц оваа есен!
ЦЕЛОСЕН КАРАНТИН И ЗАТВОРЕНИ ГРАНИЦИ МОЖЕ ДА НЕ СПАСАТ ОД ПОГОЛЕМА КРИЗА!?!
Добро РАЗМИСЛЕТЕ!
Јас само гласно размислувам, без да се мешам во работата на експертите!