Бугарија бара Скопје да го почитува договорот од 2022: „Прозорецот за проширување може да се затвори“
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова изјави дека Северна Македонија треба да се придржува до договореното со Европската унија во 2022 година и да ги преземе неопходните политички чекори за продолжување на евроинтегративниот процес.
Говорејќи во Брисел, каде што учествуваше на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, Петрова-Чамова посочи дека позицијата на Бугарија повеќе не е билатерално прашање, туку дел од разговорите меѓу ЕУ и земјата кандидат, објави 4news.mk
„Имавме добра прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски. Бугарија има јасна позиција, која од 2022 година не е билатерално прашање, туку прашање меѓу Европската унија и држава кандидат“, изјави таа.
Според неа, земјите од регионот како Црна Гора и Албанија веќе бележат значителен напредок, додека Северна Македонија ризикува да ја пропушти можноста за напредок во процесот на проширување.
„Овој прозорец за проширување може да се отвори во следните години и ако тие не ја искористат оваа можност, навистина може да загубат“, нагласи бугарската министерка.
