Вистинска снежна бајка среде мај – ладниот бран се спушта кон Македонија

Времето денес, Македонија

Славчо Попоски објави фотографии и информации за обилни врнежи од снег во делови од Германија, посочувајќи дека студениот бран кој ја зафати централна Европа постепено се спушта и кон Балканот.

„Снежна бура во Европа среде месец Мај, Германија 12 Мај 2026 Вторник.

Ладниот бран се спушта кон Балканот и до вечерва ќе донесе снег на планините, а температурите нагло ќе опаднат и за повеќе од 15 степени“, напиша Попоски на Фејсбук.

Според најавите, во текот на денот и вечерните часови се очекува значителна промена на времето и во Македонија, проследена со засилен ветер, дожд и чувствително заладување. На повисоките планински места можно е да се формира и снежна покривка, иако календарски веќе сме во втората половина на пролетта.