Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на клупите во населбата Точила

Македонија

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на клупите поставени за одмор и релаксација на граѓаните.

Од претпријатието информираат дека интервенциите се одвиваат на повеќе локации низ населбата, со цел да се обезбеди функционалност и уреден изглед на јавниот простор.

Воедно, упатен е апел до граѓаните да внимаваат и одговорно да ја користат комуналната инфраструктура, која е наменета за сите жители и придонесува за поквалитетно живеење во населбата Точила.