КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Македонија

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во рамките на своите надлежности за да се утврди дали има одговорност.

Кошутиќ, кој е и претседател на Управниот одбор на претпријатието, оцени дека институционалната отчетност и утврдувањето на евентуалната одговорност се неопходни за враќање на довербата во железничкиот систем.

Тој посочи дека раководството на ЖРСМ Транспорт треба да се посвети на стабилизирање на работењето, финансиска консолидација и обнова на возниот парк, како и на спроведување на започнатите реформи за модернизација на железницата.

„Минатото бара одговорност. Иднината бара работа, реформи и резултати“, порача Кошутиќ.