
ДОБРО УТРО од аматерката: ТОТАЛЕН КОЛАПС НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ДЕЈНОСТИ
ТОТАЛЕН КОЛАПС НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ДЕЈНОСТИ!
Економски мерки за спас на државниот буџет! По широка консултација и суштинска дебата со членовите на Економскиот совет, формиран токму за оваа цел, како и низ разговорите со врвни економски сопартијци – Владата отпочна со донесување на нови пакет мерки за враќање на парите, кои претходно им ги даде на најпогодените сектори од ковид кризата. Враќањето е предвидено да се реализира преку глоба од 500 до 2500 евра!
Од самиот почеток на донесување на првиот пакет економски селективни мерки од месеците март и април 2020, па се до последното најново дополнување со шестиот пакет економски мерки, Владата потрошила 17,8 милиони евра за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на коронавирусот во текот на месец април 2021.
Се разбира, поделени селективно ама заради “мачкање на очи” дадени и на “оној што не треба”. И покрај тоа голем дел од бизнисите не издржаа и ставија “клуч на врата”.
Неможејќи да се помират дека некои сеуште се “живи” се раѓа идејата за “атак” врз нив. Со неуставни одлуки за селекција на вакцинирани и невакцинирани, почна со собирање “арач” од угостителската дејност нели, најпогодена од ковид кризата. Во очекување сме на донесување нови мерки за враќање на парите и од останатите сектори, погодени од ковид кризата!