Што е целта на Заев?

Балкан, Македонија, Свет

Премиерот Заев пред еден месец беше на вонредна посета на Турција. Таму се сретна со државниот врв, на неколку минути за сликање и со претседателот Ердоган, но немаше соопштение за целта на посетата.

Единствено нешто што дознавме зошто била таа посета, беше понижувачкото држање на македонскиот премиер пред турските газди. Никој не може да разбере која е таа потреба од таков однос и понижување на Македонија.

Но сега може да констатираме дека Заев заминал на баци рака кај султан Ердоган да договори каде да се сместат Авганистанците. Нашите информации од блиски лица на Ердоган во Македонија говорат дека Заев бил подготвен да прифати се, само да остане на власт.

Ова Заев го зборуваше пред неколку години. Што имаме денес? Токму спротивното! Зошто премиерот има проблем со вистината? Толку ли е тешко да се каже?

Значи целта на Заев е да се остане на власт колку се може подолго, а не да се зачува Македонија и да се интегрира во ЕУ!