ДОБРО УТРО од аматерката „ЕМ ШУТО ЕМ БОДЕ“

Добро утро

ЕМ ШУТО ЕМ БОДЕ

Непотизмот и бруталната партизација се единственото нешто што СДСМ систематски го прави во јавниот сектор. Бројот на вработени во јавната администрација расте секоја година. Заложбите на Владата итно да го реши проблемот со државните службеници кои долго време примаат плата, а не се распоредени на работни места се неуспешни.

Освен што ја “пренатрупаа” администрацијата со “изгубени честитки” нема ни абер од долго најавуваните реформи за ефикасна и непартиска администрација, која требаше да биде сервис на граѓаните. Одеднаш им дојде на памет некаква си реорганизација, но и тоа не им оди во прилог. “Ем шуто ем боде” е работава. Само што помислија дека ќе се ослободат од “непожелните” преку некаква си реорганизација, настапува разочарување! Арно ќе ги “реорганизира” непожелниве, ами кој ќе работи? Проблем!

Па одеднаш предизборно нова идеја, ќе наградуваат административци и тоа заради зголемен обем на работа?! Парадоксална одлука. Пренатрупана администрација, па зголемен обем на работа!? Крајот не им се наоѓа. Постои само едно и единствено логично размислување. Неспособност за менаџирање на институциите преполни со некадарни и партиски шерифи, па и еден куп фамилија! Пред избори како да се замериш?! Потребни се! Па ајде да ги “стимулираме” мора да почнат да работат!

Уредба на Влада Член 6, Зголемен обем на работа од член 4 став 1 алинеја 2 од оваа уредба, опфаќа:

1) значително зголемен обем на работни задачи поради недоволен број на вработени и одлив на кадар во организационата единица;

2) извршување на работи и работни задачи на отсутен работник во текот на подолг временски период, а при тоа нема вработено лице за негова замена на определено време;

3) извршување на дополнителни работи и работни задачи врз основа на задолжение во писмена форма, решение или овластување, а кои не се во описот на работното место;

4) учество во работни групи, комисии, комитети или тела за кои со општ или посебен пропис/акт не е определен надоместок за учество во работата на истите и

5) извршување на работни задачи кои произлегуваат од проектни активности во организационата единица.

Што од ова исполнуваат партиските војници во администрација, за Заев да ги наградува?