
ТАЖНО: Продолжува северномакедонизацијата, власта молчи
Скандал се случи на прославата по повод 20- годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор! Поранешниот генерален секретар на НАТО направи намерна или не грешка, не нарече северномакедонци.
Лорд Џорџ Робертсон во обраќањето по повод 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор во еден момент рече „храбрите и талентирани Северномакедонци“.
На тоа молчеа сите присутни, од целиот државен врв на Македонија. Да одмолчиш ваква навреда, треба да си човек без кичма. Веројатно Македонија ја водат такви бескичмењаци.
Поранешниот генерален секретар на НАТО со тоа не / намерно ја прекрши одредбата на Преспанскиот договор и Уставот на државата, според кој, македонскиот јазик и идентитет се неприкосновени.