СКАНДАЛ: Бугарските претседатели се обвинија за силување

Балкан

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев го обвини актуелниот претседател Румен Радев за силување на Бугарија.

Плевнелиев кој беше претседател на Бугарија од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов се смета за еден од творците на планот за бугарското вето за Македонија. Тој е роден Македонец од Егејска Македонија во патријаршиска, антибугарска фамилија. Денес тој е носител на бугарските политики против македонизмот во Македонија, односно против своите дедовци.

Тој го обвинува актуелниот претседател Румен Радев за силување на демократијата во Бугарија.

Радев го силува Уставот на Бугарија, ги силува законите и граѓаните, Собранието на Републиката, ја силова правдата, тој сака апсолутна власт во државата, истакна Плевнелиев.

Плевнелиев изразува зачуденост зошто молчат дел од политичките партии на тоа насилство на Радев, пред се т.н. протесни партии кои го симнаа Бојко Борисов од власт. А не знае дека тоа е дел од меѓународнсата акција за чистење на криминалните и руски елементи во Бугарија, особено после скандалот со ветото за Македонија.

Плевнелиев искажува незадоволство од односот на Радев и го обвинува дека е виновен за неуспехот Бугарија да формира демократска влада. Тој е политички активен и оди на состаноци на партијата БСП, поранешните комунисти. Истите критики, особено за економските политики, Плевнелиев ги насочува и кон техничката влада која ја состави токму Радев.

Време е Румен Радев да понесе одговорност за стореното, кое е против бугарската државност и против Уставот на Бугарија! – истакнува Плевнелиев.