аматерката

ДOБPO УТPO од Aмaтepкaтa со маките на Мила Царовска

Добро утро

СЕКСУАЛНАТА ОПРЕДЕЛБА НА МИЛА, КЛУЧНА ВО РЕФОРМИТЕ

За да се овозможи образование достапно на секого под еднакви услови, основното образование е осмислено и организирано така да обезбеди запишување, вклучување и завршување на сите деца. Во Концепцијата за основно образование, Мила си творела, мечтаела, дури и подзаборавила на реалноста која ја опкружува. Си пишувала за инклузивност, наставни средства, национални стандарди, обезбедување квалитет, па дури и за училишна клима и култура.

И се тоа супер звучи, но Миличка не ги земала предвид реалните состојби со образованието. Инаку, во државава има 1.100 училишни објекти, во кои се сместени 364 основни училишта, а 1/3 или 366 од нив се руинирани, без основни услови за одржување на настава. Но, тие биле руинирани со децении вели Мила… а сепак си пишува Концепции полни со небулозни и нереални решенија.

Мила и овој пат не избегнала да си ги истакне личните фрустрации, па не изоставила во Концепцијата да ја спомне и сексуалната определба и тоа замислете, како родова еднаквост?! Од кога сексуалната определба е родова еднаквост?! Мила ќе не еманципира и убедува дека образованието има клучна улога во создавањето можности за трансформација на штетните родови норми и обрасци на однесување. Точно е Мила дека има клучна улога, но со учење на вистински вредности и норми и стимулирање на семејни вредности и здрава семејна средина. Само на овој начин ќе се постигне намалување на распространетите родови стереотипи и на нив заснованата родова нееднаквост, дискриминација и насилство. Без здраво и нормално семејство нема здрави и нормални ученици!

Мила сеуште не третира како ние да живееме во 1975 година, период наречен како „ Жени во развој“ и неуморно „мели“ за родова еднаквост и сексуална определба. Ајде ова да го расчистиме. Одамна веќе родовата поделба на трудот е минато во нашава држава.  Мила не измисли „топла вода“, но нема да дозволам на моите деца „да им проповедаш“ за сексуална определба, тоа ќе го оставиш на семејствата, индивидуално да одлучуваат.

Не смее да се дозволи злоупотреба на образовниот систем за лечење на личните фрустрации на Мила!