
АПЕЛ за помош!
Господин Илија Стамков, достави молба да публикуваме апел за помош за лекување на неговата мајка Благица Стамкова, која боледува од тумор ( малигнен ) на панкреас.
Илија истакнува дека му треба помош да ја спаси мајката која која му го спасила неговиот живот со донирање на нејзиниот бубрег пред 9 години. Мајката има потреба од операција која не се прави во нашата земја, тумор ( малигнен ) на панкреас операцијата која чини 26 000 евра би се извршила во Република Турција. Да и помогнеме сите заедно и да и го продолжиме нејзиниот живот со вртење на бројот:
Телеком со телефонски повик (звонење) на бројот 143-129 ;
А1 (VIP) со телефонски повик (звонење) на бројот 143-600 ;
Или со уплата на Донациска сметка NLB Banka 210 7 00000 666 235.