
ЗАЕВ ја имал тајната на животот
Дали преку социјалните мрежи премериот Зоран Заев сака да истакне дека ја знае тајната на животот, а со тоа брзо ќе ги обновел шумите. Премиерот не се изјасни дали за еден месец раст, дрвата ќе добија 100 годишна старост?
Заев упати благодарност до сите кои помогнаа во гасењето на пожарите и додаде дека важно е што луѓето, куќите и шталите се заштитени, а шумите брзо ќе се обноват. Само не ја кажа формулата за брза обнова на шуми? Тоа до сега никој во светот не го има пронајдено, освен Бог. Дали Заев влезе во филм дека е Господ лично?
„Солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите.“ Со тоа премиерот признава дека системот на државата не функционирал, па морало да се молат граѓани и странци за да не изгориме живи.
Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија. Без да каже збор за пропустите и потребата од констатирање на персонална одговорност.
На крај премиерот покажа колку не е присебен за давање на изјави во јавност. „Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните.“, напиша Заев.