СКАНДАЛ: Објавено колку не ограбиле последниве 10 години

Македонија

Македонија се задолжува со забрзано темпо во изминативе десетина година, како никогаш до сега. Голем дел од позајмените пари се потрошени на буквално на глупости, на непродуктивни трошоци коишто не носат економски пораст. Од 2010 до 2021 година државниот долг на Македонија се зголемил од 1,7 на 6,4 милијарди евра или за 4,7 милијарди евра. Истовремено, јавниот долг порасна од 1,9 на 7,4 милијарди евра, што е зголемување за 5,4 милијарди евра. Граѓаните се ограбени!

Владите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, во кои главен партнер беше ДУИ изминатава декада ветуваа дека позајмените пари ќе се употребат за капитални инвестиции: за изградба на патна, железничка, енергетска инфраструктура, болници и училишта односно сè она што ќе придонесе полесно да се води бизнис. Ваквите ветувања беа напишани во основните буџети со кои стартуваа владите на почетоците на нивниот мандат. Во изминативе 12 години беа најавени вкупно капитални инвестиции од 4,6 милијарди евра. Меѓутоа, во овој период заклучно со јуни оваа година, лажно се прикажуваат реализирани капитални инвестиции од 3,1 милијарди евра или јавно за 1,5 милијарда евра помалку од ветеното. Каде завршија парите на граѓаните? Не станува збор за ситно, туку за милијарди евра.

При ребалансите на буџетите, капиталните инвестиции се кратеа, но буџетскиот дефицит, кој во суштина е новото задолжување порасна и збирно изнесува колку што требаа да изнесуваат најавените, основни, капитални инвестиции. Со други зборови ако требало да се потрошат 3,5 милијарди евра за капитални инвестиции, властите тие пари ги крателе со ребаланс, односно ги пренаменувале за сопствен луксуз и криминал, и на крај повторно ќе се потрошат истите пари, ама сокриени за други цели преку ребаланси. Така на глупости, со ребаланси, потрошиле 4,5 милијарди евра.

Дел од позајмените пари, кои што не завршија во капитални инвестиции, се потрошиле за поголеми плати на администрацијата, како и на повисоки пензии. Дел од новиот долг се потроши и за платите на администрацијата која не одеше на работа за време на пандемијата, да останат исти, без да се намалат. Ќе завршат и како К15 за дел од таа иста администрација. Се потрошија и за купување скапи возила во задолжените јавни претпријатија и на државните фондови кои чекаат трансфери од буџетот. А во него, има најмалку пари за развој.

Експертите велат дека мора да се смени начинот како ќе се трошат парите. Смета дека понекогаш има и примеси на злоупотреба на ваквото финансирање од страна на креаторите на економската политика.

И од Народната банка велат дека треба да сме внимателни и да имаме кредибилна излезна стратегија.

„Тоа значи постепена и паметна фискална консолидација, или т.н. експанзивно фискално штедење, во коешто фискалните мерки ќе се прилагодуваат на фазите на кризата и ќе се насочуваат кон одржливи области, особено оние кое ќе значат пост – ковид структурна трансформација и поддршка на потенцијалниот раст.“, велат од Народната банка.

Стратегијата за управување со јавниот долг, односно стратегија за ограбување на народот, предвидува и годинава и наредната да расте задолженоста, по што демек ќе опаѓа. Со други зборови, планираме да ве доограбиме уште овие две години, па после ќе намалиме, зашто и онака не остана ништо што да се дособере.

Инаку, во наредниот среднорочен период пристигнуваат за отплата поголеми износи и тоа 450 милиони евра во 2023 година за еврообврзницата издадена во 2016 година, пари кои лежеа во НБРМ без употреба, а народот плаќа сега камати за тоа. Потоа, 500 милиони евра коишто ќе треба бидат обезбедени во 2025 година со цел рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2018 година, како и 700 милиони евра што достасуваат во 2026 година како резултат на издадената Еврообврзница во 2020 година. Нашиот народ рекол од дупка во празно. Властите неписмени се задоолжуваат со поголеми кредити и камати за да вратат постари кредити. Вакво бандитско работење на народот не е забележано и во Брегот на слоновата коска.

Вкупно една милијарда и 650 милиони евра треба да се вратат за нешто за кое не знаеме каде сме го потрошиле. До 2026 се планира буџетските дефицити, кои што се новоакумулиран долг да бидат 4,3% од БДП во 2020, 3,5% во 2023, 2,9 во 2024, 2,5 во 2025 и 2,2% од БДП во 2026. Економијата пак се планира годинава да расте 4,1%, догодина 4,6% по што во наредните три години по 5,2%, 5,6% и 5,9%. Бидејќи од Владата и од Министерството за финансии не одговораат на прашања, не знаеме на што се темели ваквиот оптимизам, ако се знае дека во периодот 2010 – 2021 планираниот раст беше 3,3%, а економијата испорача само 1,92% пораст. Сите овие бројки нели се важни, затоа што од нив ќе зависи колкав ќе биде јавниот долг. Со други зборови, држи се народе, планираат да продолжат да крадат и лажат!