БОГОЈЕСКИ одбива да прими „награда“ од Заев

Изјави, Македонија, Политика

Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески жестоко реагираше на веста за донесена одлука на власта на Заев да дели награди за администацијата, еден ден пред избори. За него тоа е КУПУВАЊЕ НА ГЛАСОВИ ПРЕД ИЗБОРИ!

Богојески напиша дека „Се е исто, само „него“ го нема! Нели ќе беше поинаку? Нели ќе беше казниво предизборно купување на гласови?

Наместо поддршка на ПРИВАТНИОТ сектор, кој е единствен што ја полни касата, власта се одлучи за поткуп на јавниот сектор, кој ја празни касата. И тоа точно ден пред да се распишат изборите. Грујо вода да носи! – напиша Богојески

Администрацијата со ништо не заслужи ваква награда! Ниту за корона кризата, ниту за кризата со пожарите!

Лично јас одбивам да примам награда која не сум ја заслужил, со оглед на тоа што се спомнува секторот во кој работам. Дајте ми шанса да сработам награда, да направам нешто за народот и државата, а не да бидам замолчен со девет стотки!

Ги повикувам сите колеги од администрацијата, сите кои се вработени во секторите планирани за „награда“, да одбиеме да примиме предизборен поткуп! Достоинството не треба да се продава, особено не на власта која не го почитува тоа достоинство. Овој чекор на Владата е всушност доказ, дека не не почитува како луѓе кои имаат свое достоинство и професионален капацитет.

МКонцепт го има „лекот“ за администрацијата!

Во Уставот да биде лимитиран бројот на администрацијата, на секои 10 вработени во приватен сектор, да има по максимално 1 вработен во државен сектор. Јавното претприемништво е методот преку кој ќе се реализира тоа уставно лимитирање, објави Богојески на неговата официјална фан страна.