НОВИ ДОКАЗИ за Македонците и царска Pycиja

Живот, Македонија, Свет

Конечно достапен до јавност е научниот труд „Македонските иселеници во царска Pycиja 1751 – 1783 и Македонскиот полк“ на м-р. Марко Бојаџиски, дел од стручните тимови на Македонски Концепт, кои работат на новата, современа и автохтона МАКЕДОНСКА ДОКТРИНА.

Целосно трудот е достапен на следниов линк:

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2F1drv.ms%2Fb%2Fs!Aq6-mkheUkAXlhG-fFf_TFHTgxsT%3Ffbclid%3DIwAR3ZMAyeV8q-_opqyVD7JKYR_H2XW34SAQuOdZk9tjiWvfygN6gOE15bOIE&h=AT2761iOw1BbceB2JUyhMz5KxVBNue56J3_mOY3myL03jUFN0B54I_NdXsGUIkPNkwNzAlvQhqcjHR3_t21XvqepKWZECzMAVXEbQi40lotih3ki20YxJpHS6CEkJTU9CI-N

Во овој труд, современиот истражувач Бојаџиски ги обработува причините и контекстот во кој се појавуваат поимите „Македонец“, „Македонска нација“ и „Македонски“, во документи на Pycкoтo царство, во периодот од 1750 -1783.

Покажувам дека особеноста „Македонец“, во документите јасно одделена од народностите Бугарин, Србин, Грк, Влав и слично, се однесува на словенски православни досленици од Македонија. Иако во 18-тиот век е сеуште рано да се говори за македонска нација во модерна смисла, оваа терминологија свесно се употребува од православните доселеници од Хабсбуршkа Австрија, а истата ја прифаќа Pycкиoт двор и Сенат.

Зачуван е и еден список со имиња на доселеници означени како членови на „Македонска нација“, а добар дел од истите се блиски до модерните македонски имиња.

Од горенаведеното, јасно е дека овие православни досленици од 18-тиот век, ги сметаат Македонците за „народ/нација“ различен од соседните Срби, Бугари, Грци, Власи… Македонските доселеници ќе бидат инспирација и за именувањето на еден хусарски (коњички) полк -„Македонски“, кој со еден прекин постоел од 1759 до 1783.