СКАНДАЛ: Макрадули прави крчма без крчмар

Балкан, Македонија, Политика

Македонскиот политичар, познат како плачкото Ма – кради – ли и пропаднат кадар на антиЕУ партијата СДСМ, побрза да ја понижи Македонија, да не остане покус од неговиот нов шеф Заев. Тој потпиша протоколот за деловна соработка помеѓу ЈП „Пошта на Србија“ и „Пошта на Северна Македонија“ АД во Белград. Протоколот беше потпишан само три дена по Регионалниот деловен форум во Скопје, одржан како дел од иницијативата Отворен Балкан, и претставува прв чекор кон конкретизирање на договорот помеѓу Вучиќ, Заев и Рама.

Спојување на македонските и српските институции е силен антиевропски чин, со кој се спречува влез на земјава во ЕУ. Дополнително што кутриот Макрадули прави крчма без крчмар. Потпишува договор само со Србија, без учество на Албанија, а зборува во име и на таа земја. Замислете, Макрадули договара поштенски сојуз во име на Албанија. Просто Македонија ја зафати најмрачното крими лудило. Дополнително, ние имаме договори со ЕУ во областа на поштенските услуги, а овие егзибиции скапо ќе ја коштаат Македонија.

„Поштенските канцеларии на Србија и Македонија сакаат да бидат лидери не само во националната, туку и во меѓународната рамка, а Протоколот што го потпишавме ја претставува рамката на соработка за постигнување на таа цел. Денес, ја воспоставивме рамката за развој на нови заеднички услуги, пред се во доменот на активности на кои пошта на Србија веќе работи интензивно, имено дигитализација на услугите и развој на е-трговија. Приближувањето на Пошта на Србија и Македонија ќе придонесе за развој на економиите на нашите земји, подобри перформанси на регионалниот пазар и ќе донесе нови работни места и приходи, како и посилна врска помеѓу нашите граѓани и економии “, рече Зоран Ѓорѓевиќ, в.д. Директор на Пошта на Србија.

Ѓорѓевиќ посебно посочи дека Пошта на Србија, ќе има централна улога во поштенските услуги на Балканот, благодарение на националната авиокомпанија „Ер Србија“, која се очекува наскоро да воведе летови кон Далечниот Исток, таа ќе стане регионален центар на логистика и поштенски услуги, а поштата на Македонија станува провинциска „задна пошта Брждани“.

„Потпишувањето на Протоколот за соработка е почеток на практичната имплементација на иницијативата„ Отворен Балкан “, но во суштина нашата соработка може да биде далеку поголема.“ кажа Јани Макрадули, со што појави поголема амбиција од Заев, да го надгради и прошири српскиот шенген.

Во таа насока на надрградба на лудилото на Заев, Ѓорѓевиќ и Макрадули, најавија дека ќе воспостават заедничка поштенска марка и единствена цена за услугите на пратки. Со тоа ќе треба да се поништат сите поштенски марки со национални македонски симболи, кои се трн во окото на великосрпските политики.