АКТУЕЛНО: Само Богојески и Курти против српски шенген, Мицкоски се пишмани

Балкан, Македонија

Скоро сите политичари од Македонија или регионот молчат или го подржуваат српскиот шенген, кој на самитот во Скопје го именуваа како „Отворен Балкан“. Во Албанија и Косово нема реакција на опозицијата, а во Македонија молк на сите т.н. партии од албанскиот блок. Единствено Богојески и Мицкоски изјавија дека тоа е неприфатливо за Македонија и не може да биде замена за ЕУ. Од властите, само премиерот на Косово Курти, е јасно против  овој проект.

Во меѓу време Богојески ја заостри реториката против, а Мицкоски се попишмани и поита на вазалска средба во Белград, во организација на антимакедонскиот, четнички лидер со криминогено поведение Иван Стоилковиќ, од каде испрати порака дека се согласува со српскиот шенген.

Мицкоски посочи дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани. Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови, мислеќи на српски шенген, иако предходно сметаше дека Врање и Пешкопеја не може да бидат замена за Брисел и Берлин.  

Вучиќ наводно дал поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата “мини шенген”, како начин на премостување на бариерите и развој на државите. Иако недостасува официјална изјава од Вучиќ или неговиот кабинет.

Заев прифати подредена улога на Македонија во однос на Србија и Албанија, без овластување и противуставно потпиша договори, со кои стапува во сојуз со други држави, со што треба да биде кривично одговорен, смета Богојески.

Тоа е реализација на планот „српски свет“, во кој треба да се реши српското прашање на Балканот. Ставање на „српското прашање“ на врат на Македонија, е погубно за нашата држава и тоа не само што ја уништува нашата европската перспектива, туку ја укинува и нашата државност. Геостратешки тоа е реализација на руските планови за Балканот, а се отвара простор за кинеските бизниси.

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека проектот „Отворен Балкан“, во кој учествуваат Србија, Македонија и Албанија, е напор на српскиот лидер Александар Вучиќ да го отвори регион за Русија и Кина.

„Отворен Балкан“ повеќе личи на Балканот отворен за влијанија од Исток, особено од Руската Федерација и Кина, како и отворен за автократија, корупција, воени злосторници, спротивно на европските вредности за демократија и владеење на правото – рече тој пред новинарите, објавија приштинските медиуми.

Според него, заеднички пазар не е возможен, додека Србија не прифати да се соочи со минатото. Курти увери дека односите меѓу Косово и Албанија се братски, без оглед на моменталните околности.