
СКАНДАЛ: Објавен доказ Cpбиja компензира за Kocoво со мал шенген
Македонија е предадена на ден ИЛИНДЕН
Денес беше објавен Договор помеѓу Србија и Косово, во кој се договараат дел од решението за косовската независност да биде создавање на т.н. „мини шенген“, со кој ќе паднат границите помеѓу сите Албанци, а Србија ќе си компензира со Македонија за загубата на Косово.
Ова значи дека Заев свесно ја предаде Македонија и ја стави во рацете на Србија. На овој начин Србија сака да ги врати „старите српски земји“ во Босна и Македонија, како компензација на загубата за Косово. Ова отворено го изјавуваат српските политичари, без срам, а Заев прифати да коленичи пред Вучиќ, само и само да се спаси од кривична одговорност за пропаста на европската агенда на Македонија и Преспанскиот договор.
Овој доказ беше објавен на официјалната фан страна на лидерот на Македонски концепт Петар Богојески, кој важи за поддржувач на европската агенда на Македонија и на политиките на САД на Балканот. Дали некој од западот, преку него ни испраќа порака и доказ да се освестиме, што е тоа што Заев потпиша со „Отворениот Балкан“?
Во објавата, Богојески предупредува за уништување на македонската државност, доколку не влеземе во ЕУ и доколку останеме тивки на ова предавство со мал шенген.