
НАЈНОВО од Владата, сите ќе лабавиме
На својата официјална фан страна, Владата на премиерот Заев се пофали со легализација на дрогата.
Утврден е Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во кој се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции.
Новини во предложените законски решенија се:
Формирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели;
Се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели;
Се обврзуваат компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10% од нето добивката остварена во тековната година на соодветна сметка во Буџетот на Северна Македонија.
Средствата собрани на оваа посебна сметка ќе бидат наменети за проекти од јавен интерес.
Честито, па да лабавиме како народ!