
СКАНДАЛ: Заев го смени името, па сега ЕУ не му чинела
Според премиерот Заев, не станува збор просто само членството во ЕУ, за нас клучна цел е европеизацијата на нашата земја. Променето име Македонија поради членство во ЕУ, целокупна кампања на референдумот за промена на името базирана на ЕУ, ветувања до граѓаните ако се смени името сме веќе во ЕУ, дури и сликање во авионот дека сме започнале преговори со ЕУ… на крај Заев разбра дека сме се разочарале од ЕУ. Крајно недолично однесување на еден политичар.
Заев влезе во спиралата на себеприкажување како жртва, на самосожалување, веќе видено во ликот и делото на резервната жртва Груевски. Премиерот плаче дека покажал вистинска посветеност на овој процес и покрај тоа што од 2005 година сме земја кандидат и 16,5 години чекаме да се случи следниот чекор, немало резултат. Буквално истата реченица од Груевски пред Нова Македонија, кога побара „стрелање на дипломати во земјава.“
Прво раскажуваше за членство во ЕУ по брза постапка, потоа за 15 години, а после објавата на Македонски концепт за решение со Бугарија и влез во ЕУ за 5 години, Заев по десетти пат се премисли па сега, цитат
„На јасно сме дека до членството ќе поминат можеби уште 5, 7 или 10 и повеќе години, но ЕУ е неопходно да ги исполни своите ветувања, да ни овозможи да го направиме следниот чекор“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“ на англиски јазик и наведе дека за жал ЕУ не го испорача ветувањето пред граѓаните на Република Северна Македонија и сега разочарувањето е навистина големо.
Претседателот на Владата Заев посочуваше дека треба да размислуваме на сите алтернативи, па се предомисли дека европеизацијата и членството во ЕУ немаат алтернатива. Дали нашиот премиер има конзистентен став за било кое барем едно прашање? Се прашуваат сите граѓани на Македонија.
Него го интересирале вредностите на Унијата, кои значеле подобра и просперитетна иднина, но додава дека земјите од Западен Балкан, кои се како своевиден остров оставен во ЕУ на овој начин се оставаат на можноста да се соочат со други влијанија. Што значи Заев ни најавува вретење на опашката кон исток. Тоа е повеќе од скандал за него.
Во однос на нашиот европски пат со Албанија, премиерот Заев истакна дека станува за збор за спојување од практична причина, при што наведе дека секоја земја треба да се оценува самостојно, иако во слична ситуација се најдовме пред неколку години, но во обратна насока кога патот на Тирана беше блокиран.
Премиерот Заев посочи дека оваа Влада преку Договорот од Преспа со Грција и со Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија успеа во еден европски манир да реши децениски прашања. Каде тука гледа решенија Заев, на никого не ни е јасно. Грција прекина да го имплементира Преспански договор, Бугарија ни стави вето за ЕУ, а тој ги решил децениските прашања во европски манир?!? Што се случува со човекот?
Во насока на европеизацијата на нашата земја претседателот на Владата Заев истакна дека Северна Македонија е позитивен пример во регионот како мултиетничка и мултиконфесионална функционална демократија.
Во однос на пречките со Бугарија на нашиот европски пат, премиерот Заев изрази оптимизам дека по формирањето на политичка Влада во Софија се отвора можност за надминување на овие прашања и посочи дека Владата на Северна Македонија го задржува курсот на посветеност и пријателство. Тоа значи признава дека се додека Бугарија политички не се стабилизира, Македонија ќе чека за ЕУ.
Нели го решивте проблемот со Бугарија, почитуван премиере со европски манири? Нели со ЕУ започнавме преговори? Што е сега, што чекаме?