ВАЖНО: Заев пишман аџија

Забава, Македонија, Политика

Бугарија по нарачка на Русија, во парламентот прифати антимакедонска декларација, наречена рамковна позиција. Со тоа се „зациментираа антимакедонските позиции“ на Бугарија. Следен чекот во плановите на нашите „православни браќа“ беше донесување на антибугарска декларација во македонскиот парламент, со што засекогаш би се затворил македонско – бугарскиот договор. Тоа не е со цел Русија да помогне на Македонија или Бугарија, туку да си помогне на самата себе да спречи понатамошно проширување на ЕУ на Балканот.

За тоа секако ја искористи проруската влада на Бугарија, која беше замешана во длабоки корупциски скандали. Таа е веќе минато во Бугарија, благодарение на ангажманот на САД. Во Македонија исти такви бандитско – проруски структури се обидоа да понудат македонска декларација, со цел да се уништи засекогаш европската перспектива на земјава, а тука да царуваат криминалот и корупцијата. Тука по наредба на мафијата, резолуцијата ја предложи ВМРО ДПМНЕ, а тазе патриотот премиерот Заев брзо ја прифати и поддржа. Секако сетоа тоа до моментот додека не доби шамари од „надвор“ и од „внатре“, особено пораката за „црна листа“ на САД, па Заев во стилот на македонскиот пишман аџија се предомисли.

Имено, владејачката СДСМ се излета и ја прифати резолуцијата која до Собранието ја испрати опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со која се дефинираат наводно „клучните црвени линии“ во спорот со Бугарија, за јазикот, историјата и идентитетот. Под таа приказна мудро се сокриваат антимакедонските ставови за стопирање на продорот на ЕУ на Балкан. Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција изјави дека македонскиот идентитет и јазик не можат да бидат услов за европскиот напредок на државата. Аферим патриоти, сега се сетија, откако сменија и име и се што можеше да се смени.

„Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите. И на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во рамки на парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата, таква – каква што е, каква што всушност и видовме од медиумите, зашто официјален предлог до нас како пратеници нема“, вели Костадинов.

Со тоа, според него, се испраќа силна порака дека идентитетот и јазикот се затворена тема. Со други зборови за СДСМ интеграцијата на Македонија во ЕУ е затворена тема. Сега и без името Македонија ќе останеме надвор од ЕУ. Ова е навистина генијална стратегија на СДСМ. Владејачката партија порачува дека нема да дозволи македонскиот идентитет да се користи за партиски препукувања. „Тоа како одговорни политичари имаме обврска да го направиме. Македонскиот идентитет е светост која што е повисока и поважна од рејтингот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Испраќаме силна порака дека ќе работиме силно на интеграција во Европската унија со заштитен македонски јазик и со заштитен македонски идентитет“, рече Костадинов.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја поздрави најавата на СДСМ дека ќе ја прифати резолуцијата на опозицијата за црвените линии во спорот со Бугарија. Тој се надева дека изјавата е искрена и дека социјалдемократите нема преку трикови да го кочат носењето на резолуцијата во парламентот.

„Се заблагодарувам на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА за својот придонес со создавање на текстот на оваа резолуција. Се заблагодарувам на сите политички партии, и од опозицијата и од владејачкото мнозинство кои беа спремни да ја поддржат Резолуцијата или беа спремни на разговор со нас за истата. Се надевам дека денешната изјава од СДСМ е искрена и се базира на сериозните аргументи кои ги понудивме“, вели тој. Според Мицкоски, доколку СДСМ не постапат според кажаното или доколку се обидат низ процедурални собраниски трикови да го закочат носењето на оваа Резолуција, тогаш ќе направат штета за Македонија. „Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија. Македонија има повеќе ум и мудрост од сè што видовме досега“, вели Мицкоски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на средби со пратеници од мнозинството побара поддршка за предлог-резолуцијата за дефинирање на македонските црвени линии во однос на идентитетските прашања во спорот со Бугарија, која ја најави партискиот лидер Христијан Мицкоски. Пратениците од ДОМ и ЛДП најавија ќе ја прифатат резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова тие го потврдија во изјава за медиумите по средбата со Антонијо Милошоски и Тимчо Муцунски во ВМРО-ДПМНЕ.

„Текстот на драфт-резолуцијата генерално за нас е прифатлив. Секако останува овој текст отворен за дополнување, корекции, се разбира треба да се усогласи со уставниото име на државата“, изјави пратеничката Маја Морачанин од ДОМ.

Сличен став има и пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, која вели дека за нив драфт – резолуцијата е прифатлива. „Имавме забелешки само во делот каде што треба да се усогласи уставното име. Собранието треба да биде обединето околу ова прашање“, додаде таа.

Резолуцијата, како што изјави пред неколку дена прорускиот активист Милошоски, ги дефинира македонските државни позиции за евроинтеграции, но исто така и позициите по однос на какви било негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет, бидејќи тоа е спротивно на европските вредности. Според руските агитатори во Македонија, самата интеграција на земјава во ЕУ е антиевропски чин. Која иронија. Тој смета дека Собранието е вистинското место каде што политичките сили треба да се обединат и да донесат заедничка резолуција. Сетоа тоа е пакет за скриените руски интереси и позиции во земјава.

Тој посочи дека резолуции по националните прашања се носат и во Бугарија, и во Германија, и во Словенија, и во Романија, и во Италија. Предлог-резолуцијата се заснова на повелбата на Обединетите нации и на Конвенцијата за човекови права на Советот на Европа од Стразбур. Мицкоски, најавувајќи ја предлог-резолуцијата, потенцираше дека таа не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ и дека се базира на ставовите на МАНУ, УКИМ и на МПЦ-ОА за јазикот и идентитетот.

Текстот на документот, меѓу другото, предвидува водење на преговорите на рамноправна основа со почитување на меѓународното право, автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.

„Оваа резолуција е документ од кој треба да произлезе национален консензус, брана за сите напади, и обиди за манипулација и ќе биде заедничкиот став на Македонија за сите. Не е доволно да се збори за црвените линии, овојпат тие треба да се бранат. А, тоа е наша должност“, изјави во петокот Мицкоски.