Бyгaритe си најдоа нов Бojкo

Балкан

Бугарија знае да живее само „под режим“. Таму републиканството природно не вирее. Или имаат монархија или уживаат под руска чизма. Така ретко се случува да ги водат демократи, кои кратко траат и секогаш се заменети со автократи и „руски мутри“. Последниот херој на Бугарија, полковникот на КГБ и пожарникар, Бојко Борисов заминува во историјата.

Но Бугарија нема да биде Бугарија, ако после Бојко не дојде Бојко. После таков „герој“ мора да имаат нов. По можност да биде со исто име и иста служба. Така сега во Бугарија расте култот на министерот за внатрешни работи, Бојко Рашков. Тој не е братучед на нашиот Рашко, ама демократите во Бугарија го обвинуваат дека е „руска школа“. Ккао и да е, Бугарија си го има новиот Бојко, за кој веќе се создаваат приказни за херојските постигнувања за „блгарштината“.

Најново е дека токму новиот Бојко направил на овие избори да потони стариот Бојко, а секако и војводата Краси Каракачанов, кој е познат како „војвода на ромите“, зашто само тие го гласаат во Бугарија. За соодветна надохнада секако.

Аналитичарите од Софија зборуваат за супермен Бојко Рашков, кој за само два месеци министер за внатрешни работи, направил партиите БСП, ГЕРБ, ДПС и ВМРО каракачанова да изгубат повеќе од 500.000 гласови. Ромските „гласови“ со надохнада, се намалиле за дури 80%.

Коментарите се „пак вие нарекувајте го комунист или како сакате, фактите се јасни. Бојко е „герој“! “