ТРАГЕДИЈА: Дали списочето на Грујо е надградено и проширено, договорот Груевски – Заев се почитува

Македонија, Политика

Секаде каде што Груевски е обвинет, судењата се враќаат на почеток најмалку еднаш, со цел да се исполни договорот за промена на името Македонија, тврдат блиските соработници на Груевски.

Според добро информирани извори, договорот се случил во главната канцеларија на Собранието на Република Македонија, по што се создадоа услови за гласање на промена на името Македонија. Особено, по склучување на договорот, еден од осумте пратеници влегува во Собрание после „доживеан срцев удар“ и брзо закрепнат за неколку минути гласа за промена на името.

Што било договорено? Слобода за Груевски и „патување“ за Будимпешта, паѓање на сите обвиненија против него, слобода за клучни 7 лица, меѓу кои и поранешен претседател на Собрание, за кој никако да падне пресуда или одлука за притвор. Еден поранешен шеф на кабинет на Груевски за кој пропаднаа сите процеси, а денес станал главен советник во кабинетот на Заев. И останати 5 лица за кои ќе се објавуваат информации во иднина. Тоа говорат извори од дипломатските кругови во земјава, потврдени од најблиските соработници на господин Груевски.

Тој договор „Груевски – Заев“ е трагедија за Македонија. Ограбена , осакатена, обезличена, а виновниците за тоа народот ги слави како херои. Тешка трагедија од народ и држава. Но договор си е договор, особено помеѓу корумпирани политички елити. Тој мора да се почитува. Во таа насока дејствува и „независното“ судство во Македонија. Ревносно го спроведуваат договорот на газдите на судиите.

Судскиот совет вчера го разреши за нестручно и несовесно работење судијата Горан Бошевски, кој на очиглед на јавноста го одолговлекуваше судењето „Траекторија“ за кинеските автопати, во кој обвинет беше поранешниот премиер Никола Груевски. Судењето почна на 1 март 2018, а во октомври 2019 година му застаре делото на Груевски, па обвинети останаа Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупчо Георгиевски, известуваат македонските медиуми. Но дали е тоа така или сосема обратно. Токму тие судски одлуки се согласно договорот „Груевски – Заев“, каде Груевски е слободен, а остануваат да одговараат лица кои не се на „списочето на Грујо“?

Кога во октомври 2019 година му застаре делото Примање награда за противзаконито влијание на Груевски во „Траекторија“, од обвинителството и судот уверуваа дека нема шанси да им застари делото Злоупотреба на службената положба и овластувања на останатите тројца обвинети, бидејќи застареност во нивниот случај настапува во октомври 2023 година. Сега сме јули 2021, судењето допрва ќе почне отпочеток, а за правосилност треба и одлука од Апелациониот суд, каде што предметите знаат да се задржат и по две години.

Дали тоа говори дека „списочето на Грујо“ се проширило и надградило во меѓувреме, зашто во него го немаше лицето Миле Јанакиески, прашуваат од европските дипломати во земјава. И што довело до такво надградување и проширување? Дали евентуално нови „дилови“ помеѓу власта и опозицијата?

Судскиот совет дозволи над три години судењето на „Траекторија“ да биде „на апарати“, со закажување на рочиштата со големи паузи, а на обвинетите и одбраната им овозможуваше бескрајно да зборуваат, да приговараат, да му реплицираат на обвинителот. Познато е дека Пешевски беше промовиран во новиот „економски тим“ на Заев, а по скандалозно прифаќање во јавноста, „наводно“ се повлекол од советот за странски инвестиции. Што тоа говори? Лице обвинето за криминал со „странски инвестиции“, од СДСМ и од ОЈО, влегува во тим за „странски инвестиции“ на СДСМ и ОЈО нешто заборава да го заврши предметот против него. Дали и тоа е дел од проширениот и надграден договор „Груевски – Заев“?

Сега кога наводно дојде до завршница на предметот на основен суд, со разрешување на судијата, судењето почнува од нула, со воведни зборови, изјаснување за вина, па главна расправа со сослушување сведоци и изведување материјални докази итн. Тоа значи „да не е многу бе Миле“ останува без казна. Со среќа да се кинеските парички за македонските вождови.

Поради разрешувањето на судијата Бошевски, на почеток се враќа и случајот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, каде што првообвинет е Груевски. Бошевски во овој предмет беше втор судија во судечкиот совет. Со тоа пропаѓаат надежите на многу „борци за слобода против режимот“, ВМРО ДПМНЕ да биде казнета за „злосторствата“.

Секаде каде што Груевски е обвинет, судењата се враќаат на почеток најмалку еднаш. „ТНТ“ за рушењето на „Космос“ веќе се врати на почеток поради пензионирање на поротник и не му се гледа крајот. Последно се одржа рочиште, на кое беше испитан еден (1) сведок. За другите ќе почекаме до година. Здравје само.

Предметот „Титаник“ за изборни злоупотреби, како и „Талир 2“ за изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ наскоро се враќаат на почеток поради пензионирање на поротник, нешто што Судскиот совет го занемарил, иако бил известуван Основниот кривичен суд, каде што се водат овие случаи.

Поради пандемијата на ковид-19 повеќе месеци не се одржуваа судења, но нема јавен податок дека Судскиот совет презел нешто во врска и со таквото течење на рокови.

Груевски е правосилно осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ за набавка на „мерцедесот“ и неправосилно осуден на 1,5 години во случајот „Насилство во Општина Центар“. Многу јако! Појако не можеше!

Груевски избега во Унгарија во ноември 2018 година, кога требаше да му биде врачено решението за упатување на издржување на затворската казна за „Тенк“. Сега Груевски се подготвува за нова кариера на македонската политичка и бизнис сцена. Аирлија да е Зоки! Зборот е збор, мора да се поштува, нели?