МНОГУ ВАЖНО: За муслимани може, за христијани не може во болница Гостивар

Живот, Македонија, Храна и Здравје

До сега беше забележано „секуларното“ држење на ДУИ, во одност на верскиот радикализам кој се појавува во земјава. Дали притисокот од други происламистички партии во власта или од џихадистичко – терористичкото крило на СДСМ, ги принудиле ДУИ да започнат со религизација на државни институции, сеуште е предмет на анализа.

Но скандалот е веќе направен. Дали со државни пари, меѓу другото и на христијани, директорот на гостиварската болница изградил џамија? Тоа е верски објект внатре во самиот објект на болницата, што е скандал само по себе. Тоа е и антиуставно, антисекуларно и антидржавно однесување на власта.

Само муслиманите, вработени во гостиварската болницата, како и пациентите кои и припаѓаат на муслиманската вероисповест ќе може да се молат и да ги изведуваат своите верски обичаи во посебни простории во болницата. За христијаните нема таква можност, ниту почит кон нивното верско определување. Ова е антиуставна категорија, ставање на подредена улога на едни наспроти други граѓани и верска дискриминација.

Иницијативата дошла од вработените и пациентите, вели директорот на болницата Јакуп Јакупи.

Станува збор за неискористени простории на петти спрат во болницата и иницијативата е од активисти, граѓани, вработени и пациенти. Иницијативата не е од наша страна, ние не вложуваме ништо, имаше активисти кои го реновираа просторот и тоа ќе биде простор за молитви, каде што ќе можат и пациентите и вработените односно кој сака ќе може да оди, да се помоли и да се врати на работа, изјави Јакупи за ТВ24.

Ова е признание дека џихадизмот и верскиот радикализам влегува во институциите во Македонија. Токму оваа влада тоа го овозможи на широка врата. До каде ќе им се дозволува на радикалните исламисти да ја уништуваат македонската секуларна република и постепено да воведуваат џамахирија во Македонија.