СКАНДАЛ: Левица опседната со паричките

Македонија, Политика

После направено кратко истражување во програмските и организациски документи на политичката партија Левица, МКДенес забележува две работи.

Прво тоа е „султан партија“, во секој еден орган постои само претседател на партијата, секаде напишан со голема П за доминација, останатите со мала буква. Тоа значи човек партија, без основни демократски вредности во неа, а носат име за некаква Левица. Дали лидерот на партијата, господинот Апасиев ги исполнил своите султански соништа или сеуште има потреба од себе докажување, ќе видиме во периодот кој доаѓа.

Замислете, втор човек во партијата им е благајникот, или дечкото загрижен за паричките. До овој степен опседната партија со пари не е забележана. Сите очекувавме тоа да биде некој политички комесар или партиски инквизитор, со оглед на поведението на членовите на партијата, но тоа да ти бил благајникот.

Забележлива е опседнатоста на господинот Апасиев со паричките. Изјава дава само за тоа како треба него да го финансира државата, не се откажува од финансирање од џебот на нас граѓаните, против измени на законот за финансирање на политички партии, а секако „болен дојчин падна“ после изгорените 80.000 евра во банката на неговиот омилен гуру Трифун Костовски.

Не само партијата, лидерот на Левица земал пари од нас граѓаните и за реновирање на неговата семјна куќа во Велес? Замислете за која морална димензија на тој човек се работи. Само на политичар како Апасиев, за кој има сериозни обвинувања дека е платеник на Трифун, најзначајна функција во партијата е благајникот. Секако втор, после Султанот. Со голема С.  Никој не е битен, но благајникот и паричките се најбитни, за гладниот и жеден за кеш, господин Апасиев.

Тешко на Македонија со вакви левичари и борци за работнички права, платеници на олигарсите и мафијата. Останува само дилемата, дали благајникот на Левица е на платен список на бугарскиот конзул или на пропаднатата банка на Трифко? Како може ваков човек да се бори за социјална правда и за сиромасите, кога самиот практикува социјална неправда и троши пари токму на ограбениот и сиромашен македонски народ? Преку глава од корумпирани политичари.