ВАЖНО: Колку гласови освои Каракачанов од македонските Бугари

Балкан, Забава

Сите официјални претставници на Бугарија, пред се поранешните министри Екатерина Захариева и Краси Каракачанов, калкулираа со бројка од 80 до 120 илјади Бугари во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден се спроведоа парламентарни избори во Бугарија. Изборни гласачки места имаше и во Македонија, на кои гласаа македонските Бугари, државјани на Бугарија. Од замислените 120.000 Бугари во Македонија, едвај гласаа околу 200 лица. Од нив најголема поддршка доби ВМРО БНД на Красимир Каракачанов!

Од огромниот број 200 Бугари во Македонија, цели 96 гласови земал Каракачанов, што е скоро 50%. Да беше Бугарија како Македонија, а Бугарите просветлени како македонскиве Бугари, Краси ќе беше Царот на Бугарија. Ама не е!

Честитки доктор Краси за 96 гласа од Македонија! Следните избори очекувај цели 6 твои следбеници македонски Бугари!