ВАЖНО: Апасиев замолчен од бугарски конзул и кеш?

Македонија

Откако резолуцијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за заштита на македонскиот идентитет, беше поддржана од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС, а се произнесоа и партиите од албанскиот блок, само од Левица молк. Зборливиот Апасиев молчи веќе со месеци на темата Бугарија и бугарското вето за Македонија. Бидејќи т.н. професор по право има што да каже за се што се движи и случува, сомнително е зошто нема никаков став по ова клучно прашање за иднината на земјата и граѓаните.

Според информациите до кои дојде МКДенес, тајната за замолчениот Апасиев е кај бугарскиот конзул, кој бил финансиер на Апасиев уште во моментот кога „професоров“ работеше во СЈО на Катица Јанева. Дали е точно дека станот во кој живее Апасиев е купен токму од бугарскиот конзул, како благодарност што борецот за корупција Апасиев, се погрижил да пропадне обвинението против него во предметот Империја? Познато е дека Апасиев работел токму на овој предмет, кој мистеризно пропадна во СЈО, а Катица Јанева беше притворена.

Бугарскиот конзул, иако во затвор, според нашите извори сеуште го финансирал Апасиев, кој му ветувал ослободување под политички притисок. Наводно, Конзулот барал од Апасиев да молчи на темата Бугарија и бугарско вето, за да му обезбеди финансии и од Бугарија. Дали веќе започнале да доаѓаат бугарските пари за Апасиев?

Сите овие информации наоѓаат своја потврда во фактот што Апасиев навистина молчи по бугарското прашање и не се вклучува во дискусии. Дали Конзулот навистина ја завршил работата и го замолчи зборлестиот Апасиев, останува да видиме на расправата по предлог резолуцијата од ВМРО ДПМНЕ.