СКАНДАЛ: Антимакедонски плакати во Бугарија

Балкан

На три дена пред изборите во Бугарија, осамна плакат со контроверзна содржина. На второ место по приоритети е ставена антимакедонската заложба: НЕ за Македонија во ЕУ!

Контроверзата да биде поголема, тоа не е плаќат на Атака или на ВМРО на Каракачанов, туку на довчерашната владина коалиција ГЕРБ – СДС предводена од Бојко Борисов. Таа коалиција е дел од ЕНП групацијата во Европскиот парламент, предводена од ЦДУ на Канцеларката Меркел.

Со оглед на фактот што веднаш после Македонија е ставена „НЕ за Истанбулската конвенција“, јасно кажува дека Бојко Борисов со целата криминална болумента во Бугарија, го напушта европскиот пат, а полека но сигурно го фаќа патот на Путин и Ердоган. Токму затоа и средбата со турскиот султан пред неколку денови.

Веќе не треба да се прашуваме каде тргнал Бојко и останатите криминалци. Треба да се запрашаме каде тргна Бугарија и ЕУ, во ваков историски контекст.