Рикер и тури пепел на пропагандата на СДСМ

Балкан, Изјави, Македонија, Свет

Вистината е како шило, врти, врти, на крај ќе излезе. Сите обиди на власта на Заев со целокупната пропаганда од хибридниот режим, да прикажат дека „листата на Бајден“ е наменета за опозиционери, пропаднаа. Филип Рикер и тури пепел на пропагандата на СДСМ.

Не можам да кажам кога ќе се примени наредбата на Бајден, но, борбата против корупцијата е наш приоритет, порача Рикер

Со ова тој потврди дека целта се корумпираните политичари кои управуваат со земјава, а не ловење на политички неистомисленици на режимот на Заев. Тој истакна дека наредбата на претседателот Бајден, вклучува упатување на Преспанскиот и Охридскиот договор, како елемнти на стабилноста и трудот кој е направен во регионот, но борбата против корупцијата е во фокусот.

„Оние кои сториле коруптивни практики во регионот, без разлика дали се работи за приватен имот или други видови на корупција, ова на нашиот претседател му дава посилно оружје, посилна алатка за влијание врз регионот. Јас не можам да ви кажам кога и како ќе се искористи таа алатка, меѓутоа таа е сигнал од администрацијата за сериозноста со која ние гледаме врз ова прашање. Борбата против корупција е врвен приоритет на нашата надворешна политика“, рече Рикер.

Тонч! Крај за приказните на власта. Редно е да расчистиме со криминалот и корупцијата во земјава!

Оваа година се одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу САД и Северна Македонија.