ВАЖНО: Дали Апасиев е уживател на дроги?

Живот, Забава, Изјави, Македонија

На фан страната на пратеникот Димитар Апасиев вчера осамна скандалозна обава. Според извори од партијата Левица, блиски на пратеникот Крмов, лидерот на Левица под дејство на дроги ја објавил таа вест за „расправија“ со „џандарот“ од Штип. Нетрпеливоста помеѓу пратениците од Левица ден на ден расте. Тие меѓусебно се обвинувале на состанок во Штип за соработка со власта на Заев. Од таму и сознанијата на МВР за „патувањето“ на Апасиев под „тежок товар“. Лицата со кои се сретнал во Штип, сведочат за неговото „сомнително“ однесување.

Во самата објава, пратеникот Апасиев признава дека „ја дување никад не одбивам“! Дали со тоа Апасиев мисли на користење на дрога – марихуана? Од МВР потврдуваат за безобразниот однос на Апасиев кон полицијата, но сокриваат суштински информации. Имено, изворите информираат дека МВР биле активирани по дојава од Левица дека во моментот лидерот на партијата патува со возило полно со дрога. Инспектори од МВР Штип потврдуваат дека Апасиев бил цел на контрола, поради сомнеж дека е под дејство на опојни дроги и дека истите ги поседува во возилото. Официјално МВР на Оливер Спасовски се обидува да го сокрие случајот, што е потврда за спрегата на власта и лидерот на демек опозицијата Апасиев.

Апасиев видно вознемирен и исплашен од фактот дека е „фатен жив“, започнал да се повикува на пратенички имунитет, кој го нема во овој случај, со закани за тужби по полициски службеници, но пред се поради ургенции од „врвот на МВР“, акцијата била прекината и му било дозволено на Апасиев да замине. Самиот Апасиев во нековата објава признава дека додека он зборувал со МВР, полицаецот паралелно „вртел 100 телефони“. Дали тој вртел или на него му вртеле, Апасиев не прецизира. Очиглено го кажува тоа што му одговара. Но од паника напишал детали кои го разоткриваат.

Дали од вртените телефони кон МВР, бил советуван да отиде во полициска станица Штип, лажно да пријави малтретирање од полицаец, со цел да дефокусира јавност од вистинскиот сканда со дрогата? Полицаецот на тој начин, поради страв од пријава и закана од пратеник, ќе биде лесен зајак за уцени од „врвот“ и ќе замолчи, изјавуваат инспекторите. Апасиев исто признава дека му се заканувал на полицаецот со пратеничката легитимација. Со други зборови му кажал „дали знаеш кој сум јас“! Како секој последен бандит низ земјава. Срамно за пратеник и лидер на партија.

Лидерот на Левица објави дека поднел претставка до Внатрешната контрола на МВР против полициски службеник за непрофесионално однесување откако тој кога го сопрел со возилото одбил да се легитимира, немал налог за претрес на пратеник (поради пратеничкиот имунитет) и не му издал записник за направен алкотест. Тоа е доказ дека Апасиев сепак го послушал советот на „скопската екипа од МВР“ и постапил по нивните укажувања.

Овој скандал се повторува во Собранието. Прво пратеникот Павле Богоевски поднесе оставка поради скандал со конзумирање на дрога. Дали Апасиев ќе го следи неговиот пример и ќе се повлече од собраниската фотеља поради оваа срамна афера.

Скандалот е поголем што Апасиев „се курчи“ со познавање на правото, а тој не знае дека токму тоа право на имунитет му важи само во Собрание. Особено не кога е затекнат на лице место во вршење на кривично дело, во случајов транспорт и користење на опојни дроги. Срамно е за еден демек професор по право, да не знае за основните права на функцијата која и самиот ја извршува. Колку вистински МВР ќе спроведе истрага против Апасиев или и овој пат ќе го заштити, како многу пати до сега?

One thought on “ВАЖНО: Дали Апасиев е уживател на дроги?

Comments are closed.