СКАНДАЛ: Султанот Ердоган одлучи, тепајте жени!

Свет

Истанбулската конвенција умре во Истанбул!

Турција денеска официјално го напушти меѓународниот договор насочен кон борбата против насилството врз жените, т.н. Истанбулска конвенција, со одлука на претседателот Реџеп Таип Ердоган. На тоа реагираат сите, доби силни критики, како во Турција, така и во странствo.

Во повеќе турски градови се најавени протести против повлекувањето од Истанбулската конвенција , што Ердоган го најави во март, а одлуката стапи на сила во текот на вчерашниот ден. Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, т.н. Истанбулската конвенција е документ од 2011 година, потпишан од 45 земји и ЕУ.

Тоа е првиот правно обврзувачки и сеопфатен меѓународен механизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство. Конвенцијата обезбедува нова и детална меѓународна правна рамка за поефикасно искоренување на семејното насилство и насилството врз жените.

Одлуката на Ердоган да ја повлече својата земја од конвенцијата, иако бројот на убиства на жени во Турција се зголемил во текот на изминатата деценија, ги налути организациите за заштита на жените и критичарите на ЕУ, Вашингтон и на Високиот комесаријат за човекови права на ООН.

Турската влада ја објаснува својата одлука со изјава дека Истанбулската конвенција „ги поткопува семејните вредности“ и „сака да ја прикаже хомосексуалноста како нормална“ затоа што повикува луѓето да не бидат дискриминирани врз основа на сексуална ориентација. За разлика од многу земји со мнозинство муслимани, хомосексуалноста не е забранета со закон во Турција, но хомофобијата е широко распространета, посочува Франс Прес.

Аналитичарите ја толкуваат одлуката на Ердоган пред се како негова желба да собере поени кај конзервативното гласачко тело во контекст на економските тешкотии на земјата. Со други зборови, молчете за економскиот пустош на Турција, но слободно тепајте жени! Срам за модерна Турција на џинот Ататурк.

Минатата година 300 жени биле убиени во Турција од страна на нивните партнери или поранешни партнери, според Здружението за правата на жените „Да ставиме крај на убиството на жените“. Оваа година нема тренд на опаѓање бидејќи досега биле убиени 189 жени, рече истиот извор.