МНОГУ ВАЖНО: Рикер со шамар за Заев!

Балкан, Изјави, Македонија, Политика, Свет

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, пристигна во Македонија на отворањето на конференцијата „Патот до Преспа“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог. Иако Владата на Заев очекуваше дирекна поддршка од Рикер и „благи“ пораки за нејзината работа, тоа не се случи. Рикер „подели шамари“ за Заев и неговите министри. Застана отворено на страна на вистината за Македонија, за криминалот и тешката состојба во која живее нашиот народ. Особено за очајната состојба со владеење на правото и демократијата во земјава!

„Уште многу работа останува да се направи и отворањето на преговорите со Европската Унија е почеток на процесот што ќе налага натамошна посветеност“, изјави Рикер во Охрид.

Рикер подвлече дека САД стојат зад Македонија како сојузник и како пријател. Но не прават компромиси со криминал и корупција и со суспендирање на демократијата и слободата.

САД, претседателот Бајден, државниот секретар Блинкен, сме уверени дека Македонија може и ќе ги направи неопхдоните чекори како што е продолжување на реформите, зајакнување на владеење на правото, борбата против корупцијата, зголемување на транспарентноста за да гарантира попросперитетна иднина за нејзините граѓани, како и зајакнување на стабилноста на регионот. САД остануваат посветени и се дел од овој регион и ќе продолжат да стојат покрај вас, како што кажа и самиот претседател Бајден како сојузник и како пријател – истакна Рикер.

Со јасен дипломатски речник, како што доликува на дипломат од рангот на Рикер, јасно му порача на Заев и неговата Влада дека во Македонија недостасуваат вистински реформи, нема владеење на правото, владее криминалот и корупцијата, што ја загрозува иднината на државата и граѓаните. Особено тоа ја загрозува стабилноста на регионот, што Македонија од стабилизирачки ја претвори во дестабилизирачки фактор. Тоа е особено значајно за политиките на САД на Балканот, а владата на Заев оди во спротивен правец. До степен да Заев започна ја проповеда европесимизам во земјава и да нуди пакт со Србија, која е партнер на Русија и Кина.

Тој повтори дека САД остануваат целосно посветени на Западен Балкан и оти нивната визија е Европа да биде комплетна, слободна, и во мир. Тоа значи дека немаат намера да потклекнат на интересите на Русија и Кина на овој дел од светот, а најмалку ќе дозволат Македонија да влезе во нивната област на влијание, како што тргна да работи премиерот Заев.

Присутните на Форумот во Охрид сведочат за „ладниот однос“ на Рикер кон Заев, што било изненадување за нив. Дали последните афери со рекетирање на американски бизнисмени во земјава имаат улога за тоа, останува да се провери.

Указот на претседателот на САД за санкции кон оние актери што сакаат да го поткопаат овој процес, ќе овозможи да се зајакне таа цел, придонесувајќи кон ефикасна и стабилна власт, признавајќи дека целосната интеграција во трансатлантските институции е тоа што го сакаме и го очекуваме – порача тој.

Дали Заев и неколку негови блиски соработници ги очекува таква судбина, да се најдат на црната листа на претседателот Бајден, особено поради вмешаноста во криминал и корупција во земјава, без разлика на зголеменото руско и кинеско влијание во Македонија за време на оваа Влада, останува да причекаме уште неколку месеци.

Сепак Рикер ја охрабри демократската јавност во Македонија и даде дополнителен мотив за борба против оваа корумпирана и антиевропска Влада!