
Царуваат глад и инфлација низ земјава
Што се случува низ Македонија. Инфлација и глад царуваат. Никој не соопштува која е стапката на инфлација во земјава. Производите брзо и енормно оскапуваат. 1000 денари веќе не значат ништо во маркет.
Доколку ја споредиме потрошувачката кошничка од денеска и од пред неколку години, ќе останеме без зборови. Се сеќаваме на времето кога парите имаат друга важност и кога илјадарката имаше друга вредност.
Пред само неколку години со 1.000 денари во маркет, можеше да се испазари речиси за половина месец. Излегуваш од маркет со полни кеси. Денеска со 1.000 денари можеме да купиме за основни намирници, како леб, млеко, јогурт, и да излеземе со полупразна ќеса. Граѓаните се жалат на недостаток на основни можности за прехрана.
Постојаните информации дека нето платата на месечно ниво се зголемува, наидува на остри реакции од страна на граѓаните. Вечна тема помеѓу граѓаните е куповната моќ и стандардот. Институциите објавуваат дека има подобрување на состојбите, но граѓаните велат дека се уште не почуствувале промена во однос на подобрување на квалитетот на животот.
Сепак во однос на минималната синдикална потрошувачка кошничка пресметката вели дека доколку во семејството има само еден вработен ќе недостасуваат 8 илјади денари за набавка на основните животни потреби. Синдикатот пресметал дека за набавка на храна, пијалоци, лекови, подмирување на режиските трошоци, за превоз, посета на културни манифестации , и купување на облека и лекови месечно се потребни нешто над 32 илјади денари.
Како воопшто да се преживее во ваква држава? Со вакви примања. Граѓаните се гневни на власта и на се што се случува.