АстраЗенека го порази Ѓоковиќ

Живот, Спорт

Се сеќавате на професорката Сара Гилберт од Универзитетот Оксфорд која го предводеше тимот зад вакцината против ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“?

Токму таа го порази Ѓоковиќ. Публиката на тенискиот турнир Вимблдон во Лондон ѝ оддаде почит на проф. Сара Гилберт поради нејзините научни достигнувања. Кога официјалниот спикер соопшти дека професорката по вакцинологија е присутна во Кралската ложа на централниот терен пред мечот на Новак Ѓоковиќ и Џејк Дрејпер, публиката речиси една минута стоеше и аплаудираше.

Минатата година Вимблдон не се одржа поради пандемијата на коронавирус. Годинава, навивачите треба да прикажат доказ дека примиле две дози од вакцина или негативен ПЦР тест за да присуствуваат на натпреварите. Од нив се бара да носат маски додека се движат наоколу, но можат да ги извадат додека го гледаат мечот на трибините.

Ѓоковиќ победи со 4:6, 6:1, 6:2, 6:2 на мечот од првото коло.