Народот гладува, Шеќеринска лудува!

Македонија

Во услови на масовно гладување помеѓу граѓаните, недостаток на основни услови за живот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска лудуваше со помош на инструктор за летање. 

Шеќеринска леташе со параглајдер за време на меѓународниот натпревар од овој адреналински спорт „Маврово Опен“. Таа не покажува минимална грижа за состојбата во која живее народот. Таа ужива во привилегиите кои и ги плаќа истиот тој народ!

– 20 години се обидував да најдам храброст за оваа прилика и сега ми е криво што тоа не сум го направила порано. Го препорачувам на секој и во поглед на убавината овде во Маврово и во поглед на адреналинот. Но, треба да се оди во сигурно раце. Сакам да му се заблагодарам на ментор Сеити, рече министерката.

Таа додаде дека не чувствувала страв, затоа што се било добро организирано. Но не кажа дека народот чувствува страв како да преживее од први до први, секој месец. Луксузот и недомаќинското однесување на владините функционери веќе ги надминува границите на возможното.

И така, додека Шеќеринска лудува, народот гладува!