
ПРЕС: Легати на идолите на нацијата – идентитет во 21ви век
Пресконференција на политичка партија Македонски Концепт за промоција на Проектот „Легати на идолите на нацијата“, дел од Програмата „Рестарт ЗА Македонија ’24“. Пораката ја упати Тим лидерот за култура во Извршен Тим на партијата, проф. Сашо Ливрински.
Текстуализирана порака:
Македонски Концепт преку отварање на легати на идолите на нацијата, ќе промовира македонски алтернативен идентитет, модерна и напредна визија за изградба на идентитетите на 21ви век.
Македонски Концепт го поттикнува градењето на алтернативен идентитет на македонската нација. Токму отварање на легати на најуспешните македонски уметници, спортисти и дејци на Каузата, од нив ќе создаде идоли на нацијата, така како што не личи како Македонци, свои на своето.
Младите генерации ќе се огледуваат на такви личности, на нивните врвни дела и резултати, како мотив за работа, но и како пример за посветеноста кон Каузата, преку кои цел свет не препознава и ќе не препознава како македонски народ.
Со тоа ќе оддадеме и почит и признание кон нивното дело, но и добар пример како државата се грижи за културно и историско наследство што минало и што допрва доаѓа.
Тоа е нашата визија за современа борба за македонскиот идентитет во 21ви век.
Благодариме на вниманието!