ХИМНАТА треба да се корегира, Касами во затвор

Политика

Етничкиот шовинизам има свои носители, а тоа се пред се политичари од албанската етничка заедница во Македонија. Тоа е неприфатливо и казнено поведение, а истите треба да бидат подложени на кривичен прогон и затвор. – смета лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески.

Според предлогот на Македонски концепт, во нормативниот дел на новиот ГРАЃАНСКИ УСТАВ ќе стои: Официјални симболи на државата се: знаме, грб и Химна, каде според оваа партија државното знаме не се менува, а се воведуваат знамиња на етничките заедници, вклучително и македонската, официјален грб станува земскиот грб на Македонија, а химната ‘Денес над Македонија се раѓа’ се менува во текстот и се внесува термин ‘македонски граѓани’.

Изјавата на Касами, лидер на партијата Беса во врска употребата на Државната химна во земјава, според Богојески е повик за рушење на уставниот поредок на земјата, непочитување на државноста на Македонија и со тоа мора да биде подложен на затворска казна, согласно закон.