
СООПШТЕНИЕ: Бујар Османи да го признае Ерусалим за главен град на Израел
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА – 10 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА
БУЈАР ОСМАНИ како претседавач со ОБСЕ да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел
Партијата Македонски Концепт во врска последното симптоматично и проџихадистичко однесување на МНР Бујар Османи, кој одби да ги именува нападите на ХАМАС врз Израел како терористички од терористичка организација, бара од него како претседавач на ОБСЕ да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел.
Првиот чекор да го направи како МНР на Македонија и да го следи примерот на САД, на кои толку многу се повикува и претставува во нивно име. Тој билатерален акт оди во интерес на македонската Кауза, има историски и актуелни оправдувања, за што ќе ја има поддршката и од нашата партија.
Во очекување на првиот чекор на „прозападниот и проамерички“ министер Османи во таа насока, силно го охрабруваме и му даваме соодветна препорака.
Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт