
СООПШТЕНИЕ МК – Земја УЧЕСНИК во ЕУ
Политичката партија Македонски Концепт достави СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА, 30 АВГУСТ 2023 ГОДИНА
МАКЕДОНИЈА – ЗЕМЈА УЧЕСНИК ВО ЕУ
Последните случувања во ЕУ, особено дадената потврда на вистинскиот „француски предлог“ од страна на претседателот на Француската Република господин Макрон, но и последните вести од ЕУ Комисијата испратени преку претседателката Урсула Фон Дер Лајен, беа предмет на итни внатрешни консултации и анализа од стручните и политички тела на Македонски Концепт. Ги изнесуваме следните заклучоци:
- Светот се менува, ЕУ се менува, ние се менуваме, што е нормално. Стара ЕУ во која ние започнавме асоцијативен процес веќе не постои. Нема повеќе „полноправно членство“ во ЕУ.
- За земјите кандидати, вклучително и Македонија се отвара специјално место – ЗЕМЈА УЧЕСНИК во ЕУ. Тоа значи дека, доколку заврши процесот на преговори, ние во идната ЕУ само ќе учествуваме, но нема да одлучуваме.
- Нашата партија смета дека треба да ја прифатиме таа понуда, од две причини, прво тоа сепак е во интерес и ќе ја засили нашата државност, второ ЕУ нема алтернатива.
- Согледуваме дека БРИКС се злоупотребува во македонската јавност и погрешно се презентира на нашите граѓани. Македонија треба да има супер односи со земјите од БРИКС, но тие не се и не може да бидат замена ниту за учество во ЕУ.
- Патријата го задржува својот цврст проЕУ курс, исклучително врз база на ЕУ фундаментализмот, без прифаќање на „новото поведение“ кое го наметнуваат несозреани земји членки на Унијата.
- Продолжуваме со политиката на активна поддршка на интегративниот процес на Македонија во реформираната ЕУ.
Центар за комуникации и анализа
Македонски Концепт