ТОП 15 ПОЛИТИЧАРИ на ФБ: Мицковски прв, Богојески втор, Ковачевски и Апасиев следни

Политика

МКДенес направи кратка анализа на рејтингот на 15 лидери на политички партии од „македонскиот блок“, според поддршката која ја имаат од граѓаните на социјалната мрежа Фејзбук, на нивните официјални фан страни.

Дел од политичките лидери кои немаат фан страни не беа предмет на оваа компаративна анализа.

Прв на листата е лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со 107.000 поддржувачи, и тој има драстична предност пред останатите лидери на партии.

Втор на листата е лидерот на партијата Македонски Концепт (МК), Петар Богојески со преку 56.000 поддржувачи, што е огромна бројка за лидер на нова партија.

Трет на листата е премиерот Димитар Ковачевски, кој е и лидер на СДСМ како владеачка партија, но и познат по огромните средства кои ги троши на социјалната мрежа Фејзбук за да ја купи поддршката од 47.000 граѓани.

Неговиот соименик и соработник, Димитар Апасиев како пратеник и лидер на партијата Левица има поддршка од 45.000 граѓани. Интересно е што таа партија пријави нјмногу потрошени пари на социјалните мрежи за време на кампањата во 2020 година, но и после тоа, иако опозициска кампања без јасно потекло на парите на финансирање.

Следен на листата е лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски со 22.000 поддржувачи, а после него е Јанко Бачев, лидер на Единствена Македонија со 15.000 следбеници.

Скоро со ист број од 15.000 следбеници е лидерот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски, а веднаш зад него неговиот близок соработник Љубе Бошковски, лидер на Обединети за Македонија со 14.000 поддржувачи.

Во таа група е и лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски со 13.000 следбеници и Маја Морочанин лидерка на ДОМ со 12.000 следбеници.

Изненадува исклучително слабата поддршка за лидерката на ЛДП Моника Зајкова со само 5.000 следбеници, иако истата е пратеничка, дел од власта и води стара етаблирана партија. Веројатно тука некаде ќе биде и крајот на таа пајтон партија на СДСМ и Ковачевски.

Следни се лидери со многу пониска поддршка од граѓаните на фејзбук како лидерот на Демократи, Јорго Огненовски со 3.200 следбеници, лидерот на ДС Павле Трајанов со 1.500 следбеници и лидерот на НСДП Горан Мисовски со 1.200 следбеници.

Убедливо на последно место е поранешниот министер за земјоделие и актуелен пратеник и лидер на СП Љупчо Димовски со само 911 следбеници.

Вкупните бројки покажуваат сеуште слаба поддршка за условно кажано новите лидери, наспротив фантастичните бројки кај поранешните премиери и лидери во пензија. Дали постои криза на интерес кај граѓаните за политика, тоа ќе покажат резултатите на следните избори.